САД сакаат да му парираат на рускиот хиперсоничен проектил

Снимка од веб-страницата на руското Министерство за одбрана од март на тест на хиперсоничен ракетен проектил, за кој армијата вели дека е успешна. за одбрана / AP)

Пентагон официјално се вклучи во хиперсоничната трка задолжувајќи ја американските корпорација „Lockheed Martin“ да го развие првиот американски проектил кој ќе може да лета со брзина пет пати поголема од брзината на звукот.

Министерството за одбрана за САД во средата вечерта објавило дека на „Lockheed Martin“ му го доделил договорот на недоредено време во износ кој би можел да достигне 928 милиони долари и развој и тестирање на хиперсоничен проектил „воздух-земја“.

Новиот челник на Пентагон на одделот за истражувања и развој Мајкл Грифин, поранешен инженер во американската агенција за вселенски истражувања NASA, истакнал во вторникот на сослушувањата во Конгресот дека станува збор за американски приоритет број еден кога станува збор за одбраната.

„Според моето мислење, најзначајното постигнување на нашите противници е кинескиот развојот денес на силно напреден систем за конвенционални напади со дострел од неколку илјади километри. Кога американските системи против проектили ќе ги откријат, ќе имаат многу малку време за одговор“, рекол Грифин.

Пекинг неодамна објави дека кинеските научници градат суперсилен ветротунел за развој на авиони и проектили кои ќе можат да летата со брзина од 12.000 километри на час, односно 10 пати побрзо од брзината на звукот.

Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот од март во обраќање пред руските пратеници и функционери објави дека руските сили поседуваат неколку нови видови „непобедливи“ оружја, меѓу кои и новите хиперсонични крстосувачки проектили. Рече дека не се сомнева и дека и другите сили за одреден период ќе ги добијат ваквите вооружувања, но порача дека „дотогаш нашите момчиња веќе ќе смислат нешто ново“.

Руското министерство за одбрана кусо потоа објави дека успешно го тестирала новиот хиперсоничен проектил наречен „Кинджал“ (Бодеж), истакнувајќи дека во моментов во светот не постои нешто слично.

„Развојот на хиперсоничното оружје во Кина нѐ престигна. Заостануваме зад нив“, призна неодамна во Конгресот адмиралот Хари Харис, командант на американските сили на Пацификот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.