АНАЛИЗА: САД се многу слаби за да воспостават ред во немирниот свет

SAD

Дури и ако ексцентричниот милијардер Доналд Трамп загуби на претседателските изброи, тоа нема да го промени фактот дека Соединетите американски држави никогаш не биле исполнети со толку голем сомнеж за својата сила и улога во светот. А, сега регулаторна власт во Вашингтон е понеопходна од било кога, пишува германски „Ди Велт“, пренесува Нетпрес.

Кандидатот на републиканците за највисоката државна позиција во Белата куќа се држи и дејствува така како да нема да биде претседател на една голема, моќна република, туку лидер на исполнети со омраза, разочарани и желни за одмазда следбеници. Иако, првично неговото појавување на политичката сцена во Вашингтон изгледаше многу чудно, во последниве недели веќе никој не смее да го исклучи Трамп како можен победник во претседателската трка. Во меѓувреме, од крило во Републиканската партија израсна вистинско чудовиште, што веќе е надвор од контролата дури и на неговите сопствени соработници.

Европјаните се не помалку збунети од Американците во однос на тоа кој ќе седне во лидерската фотелја во САД, бидејќи во Белата куќа може да влезе злобен пријател, кој нема да ги поддржи во следењето на нивната историска програма – така како што било со децении.

Конфликтите, кои се натрупаа континуирано со децении

Дали Европа сеуште може да смета на историските традиции, обичаи, договори, ветувања и дури и јавни интереси? Дали таа поделена земја е сеуште онаа, која пред околу седум децении ги спаси Стариот континент и либералниот ред, затрупани под бремето на болката на жртвите?

Тоа ли е истата држава, која ги испрати своите војници како заложници за опстојувањето на Европа, и како нејзин познат чувар од демоните на Советскиот блок?

Европа, која во 1945 година беше едно поле од руини, со децении потоа беше благословена со среќа, просперитет, баланс и мир. Советската власт се држеше на растојание со мека сила на демократијата, но исто така и со целосна подготвеност за нуклеарен одговор и конвенционална заштита.

Предизборната кампања во САД откри пукнатини и конфликти, кои се натрупале во продолжение со децении – глобализација, дигитализација, дезориентација – но, дури сега се гледа нивниот глобален ефект.

„Трампизмот“ ќе остави длабока трага

Трамп може и да ја загуби претседателската трка, но тоа не е помалото зло: неговата збунувачка своевидна проповед долго време ќе има одек меѓу американската нација и на крајот ќе ги ослабне САД. Омразата и непријателството ќе останат и ќе најдат политички и емоционални следбеници не само во земјата, туку и далеку надвор од нејзините граници.

Тајната на Трамп е во тоа што неговите опоненти ги потценуваат силите, кои на крајот можно е да го лансираат до врвот на најмоќната држава во светот: Доналд, најголемиот од сите.

Како и да е – утрото на 9-ти ноември, годинава, судбината на САД, а и на светот ќе биде објавена: „Трампизмот“, како што Американците со ужас ги нарекуваат длабоките траги во општеството кои бизнис магнатот ги остави, може и да не влезе во Белата куќа, но ќе остави трага на сомнеж и отуѓување меѓу сите пријатели, сојузници и штитеници на некогашната суперсила.

Кризата во САД е криза на светската демократија

Дури и ако Хилари Клинтон победи – како што многумина очекуваат – таа ќе треба да направи помирување во една разделена земја. Поранешниот државен секретар ќе треба да биде исцелител и помирувач за нејзината земја. Но, и двете улоги не и’ се посилната страна.

Во исцрпувачките конфликти со Русија и Кина, европјаните ќе бидат замаени од спектакл. Прашањето, кои најмногу ги измачува жителите на Стариот континент, е дали американската демократија потклекнала пред неизлечиво внатрешно заболување, евентуално заразно, за кое нема лек, ниту протиотров.

Кризата во САД е криза на демократијата во светот, само што и’ се промени името: Виктор Орбан, Герт Вилдерс, Ле Пен или Реджеп Тайип Ердоган – сите до еден непријатели на отвореното општество. Референдумот за членството на Велика Британија во Заедницата е проба за она што ќе дојде во иднина, откако во лулката на парламентарната демократија надвладува самодеструктивноста, обложена со полувистини, демагогија и носталгија за едно изгубено време.

Без САД светскиот ред и поредок е невозможен

Тоа што денеска изгледа како фикција, утре може да заврши во хаос, кризи и војни. Со САД светскиот поредок изгледа кревок и ранлив, но без нив тој е невозможен.

Од доктрината „Монро“, која ги награди Американците за изолационизмот во западната хемисфера, до Вилсоновата порака до силите на оската кон крајот на Првата светска војна – „да го направиме светот безбеден за демократијата“, американската мировна мисија од секогаш била видлива.

По крајот на Студената војна таа едноставно како да исчезна.

Американски трустови на мозоци, ја прокламираа Благата вест дека е дојден крајот на историјата. Џозеф Нај Харвард пишува за „меката сила“ и во истовреме предупредува дека Американците мора да бидат лидери на глобално ниво. Но, никогаш американското лидерство не било толку незаменливо – и никогаш толку несигурно, како денес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.