САД се подготвени Асад да остане на власт до изборите во 2021-та

Белата куќа е подготвена да се согласи сирискиот претседател Башар ал-Асад да остане на власт до следните избори коишто би се спровеле во 2021 година, пишува весникот The New Yorker повикувајќи се на американски и европски функционери.

Ваквата одлука целосно отстапува од претходни изјави на САД дека Асад мора да замине од позицијата во рамките на мировниот процес, истакнува весникот. Новата позиција на Вашингтон е одраз на „ограничените опции на администрацијата, воената реалност на теренот и успехот на сириските сојузници – Русија, Иран и (либанското шиитско движење) Хезболах, коишто го поддржуваа опсадениот режим на Асад“.

Истовремено, The New Yorker оваа информеција не ја поткрепува со ниеден цитат или повикувајќи се на интерен документ на Белата куќа.

Весникот истакнува дека САД на воената кампања во Сирија потрошиле повеќе од 14 милијарди долари. Сепак, „фактите доведоа до тоа администрацијата да признае дека САД, чиешто семејство управува со Сирија повеќе од половина век, може да се одржи на власт уште околу четири години“, се додава во написот.

„Во зависнот од резултатите на претседателските избори во САД во 2020 година, Асад може се’ уште да биде на власт кога (актуелниот американски претседател Доналд) Трамп ќе замине од функцијата. Американските функционери стравуваат дека Асад може да победи и на изборите во 2021 година (…) и да остане на власт уште многу години“, пишува натаму весникот.

Авторот во The New Yorker констатира дека „Сирија во моментов контролира поголем дел од територијата, вклучувајќи ги и (областите на градовите) Дамаск, Хама, Хомс, Латакија и Алепо, кои некогаш беа дијамантот во круната на опозицијата, она што американските аналитичари го нарекуваат ’корисна Сирија’“.

„Во дипломатска смисла Вашингтон беше изолиран од моќната тројка – Русија, Иран и Турција, која во моментов доминира со мировниот процес“ во Сирија, пишува весникот. Неколкуте рунди преговори во Женева не донесоа резултати, а напорите на ОН беа „заменети со мировните преговори на тројката предводена од Русија, започнати во јануари и одржувани во (казахстанската престолнина) Астана“.

Во понеделникот рускиот претседател Владимир Путин ненадејно допатува во воздухопловната база Хмејмим во покраината Латакија, каде што се сретна со сирискиот претседател Башар ал-Асад. Од таму Путин објави почеток на повлекувањето на руските војски коишто во изминатите две години по барање на Асад учествуваа во операциите против сунитската џихадистичка групација Исламска држава.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави во врска со објавата на рускиот претседател, дека САД ја продолжуваат борбата со терористите во Ирак и во Сирија, на чијашто териротија според неодамнешното признание на Пентагон, тајно биле распоредени до 3.000 американски војници, за да не дозволат, оживување на Исламската држава и за да се осигури безбедноста на Американците.

Во април годинава американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, во текот на посетата на Русија, ги истакна основните принципи на планот на претседателот Донал Трамп за сириското решение, чиј исход треба да биде оставката на Башар ал-Асад. Москва, пак, повеќепати објави дека за иднината на претседателот Асад мора да решаваат само сириските граѓани.