САД се подготвени да внесат измени во политиката кон Куба

Администрацијата на Барак Обама е подготвена и понатаму да внесува промени во својата политика во однос на Куба, но за укинување на трговско-економското ембарго засега не станува збор, изјавил водечкиот надворешнополитички советник на претседателот на САД, Бен Родос за време на средба со новинарите, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Продолжуваме да веруваме дека во Куба треба да се почитуваат човековите права и да се спроведат политички и економски реформи што би ги прошириле можностите за кубанскиот народ“, истакнал тој. Според него САД се’ уште се сериозно загрижени во врска со човековите права, граѓанските, економските и политичките слободи во оваа карипска земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.