САд се вклучуваат во решавање на кризата во Украина

Американскиот државен секретар, Џон Кери, на маргините на Конференцијата за безбедност во Минхен, ќе се сретне со лидерите на украинската опозиција.

Светските медиуми наведуваат дека Кери би можел да се сретне и со лидерот на украинската опозициска партија Татковина, Арсениј Јаценјук, лидерот на Украинската демократска алијанса за реформи (УДАР) и со поранешниот боксерски шампион Виталиј Кличко, како и со поп пејачката Руслана.

Таа со своите настапи во изминатиот период ги охрабрила демонстрантите да продолжат со заложбите за промена на власта.

Претставник кој сакал да остане анонимен рекол дека САД имаат „умерен оптимизам“ кога станува збор за резултатите од дијалогот меѓу украинските власти и опозицијата.

„Прашање е дали тие ќе можат да се придвижат кон формирање на владата за национално единство“, рекол неименуван претставник на Стејт департментот.