петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 48

САД сметаат дека среде војна во Сирија има услови за избори, а во Македонија нема?!

Со оглед на тоа што нема никакви реакции од меѓународната заедница предводена од САД, најверојатно тие процениле дека во Сирија има услови за фер, слободни и демократски избори на 13-ти април, само неколку дена откако странскиот фактор даде негативна оценка за одржување на вонредни парламентарни избори во нашата земја на 24-ти април согласно договорот од Пржино.

basar-asad

Последни вести

Сирискиот претседател Башар ал-Асад распиша парламентарни избори за 13-ти април, според соопштението на неговиот кабинет објавено во понеделникот. За меѓународната заедница предводена од САД очигледно условите за избори се исполнети, бидејќи засега нема реакции дека во Сирија нема услови за фер, слободни и демократски избори.

-Претседателот Асад го издаде указот број 63, со кој се одредува 13-ти април 2016 година како датум на одржување на изборите за членови на народното собрание (парламентот –з.р)“, се вели во соопштението што го цитира државната агенција SANA.

Со оглед на тоа што нема никакви реакции од меѓународната заедница предводена од САД, најверојатно тие процениле дека во Сирија има услови за фер, слободни и демократски избори на 13-ти април, само неколку дена откако странскиот фактор даде негативна оценка за одржување на вонредни парламентарни избори во нашата земја на 24-ти април согласно договорот од Пржино.

Токму поради ова, симптоматичен е фактот што САД и Русија во среде војна ценат дека во Сирија има услови за фер и демократски избори, а од друга страна американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли во својата изјава во неделата оцени дека во Македонија немало услови за одржување на избори.  Иста беше ситуацијата и со Украина која има аспирации за членство во Европската унија.

Последните парламентарни избори во Сирија се одржаа во 2012 година, речиси една година откако веќе беше започната граѓанската војна, а според уставот кој претходно беше изменет и владејачката Баат партија го загуби уставотворниот статус, се одржуваат на секои четири години.

Така, овие ќе бидат вторите парламентарни избори од почетокот на сирискиот конфликт во март 2011 година. На последните кои се одржаа во мај 2015 година, одѕивот на избирачите според сириската државна изборна комисија изнесувал 51 отсто.

Најавата на парламентарните избори следи нецел ден откако Русија и САД, кои поддржуваат спротиставени страни во сириската војна, го објавија планот за прекин на непријателствата во Сирија, што требаше да стапи на сила во сабота.

Тој, покрај екстремната сунитска организација Исламска држава, ја исклучува и исламистичката Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, за чиешто учество во мировните преговори се залагаа некои од регионалните арапски сојузнички на САД кои ја поддржуваат сунитската вооружена опозиција во Сирија.

 

Најчитани вести