Дали Сноуден ќе се пазари за да се врати во САД?

Дали Сноуден ќе се пазари за да се врати во САД?

Поранешниот министер за правда на САД, Ерик Холдер изјави дека американските власти можат да се согласат да склучат вонсудска зделка со поранешниот соработник на тајните служби, Едвард Сноуден, што би предизвикало негово враќање во земјата и скратување на можниот рок на затворската пресуда, во замена на соработка во истрагата.

На прашањето дали Министерството за правда на САД е подготвено да дозволи да се врати и да смета на полесна казна, Холдер рече дека според него, „таква можност постои“.

– Навистина сметам дека има одредени основи за решение, кое би ги задоволило сите, рече тој.

Сноуден во моментот престојува во Русија со времена дозола од три години, откако властите на САД му го поништија пасошот.