САД со 26.6 милиони долари за бегалци во Грција, Македонија и Србија

Европа во моментов се соочува со голема бегалска криза. Огромен е напливот на бегалци од арапските земји кои во потрага по мирен и подобар живот секојдневно се упатуваат кон некоја од западноевропските земји.

Соединетите Американски Држави најави донација од 26.6 милиони долари за Обединетите нации наменети за помош при снабдување на храна, вода и други потребни продукти и средства за бегалци кои транзитираат низ Грција, Македонија и Србија.

Портпаролот на Стејт Департментот, Џон Кирби во петокот истакна дека САД имаат донирано околу четири милијарди долари во хуманитарни цели за лицата кои се тангирани од четиригодишната цивилна војна во Сирија.

Од Европската унија велат дека нивниот план е да дистрибуираат околу 120 илјади мигранти низ блокот 28 земји.

Повикот за дополнително распределување на бегалци се очекува да биде клучна точка во обраќањето на претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер пред Европскиот Парламент идната среда.

12 бегалци се удавија во близина на Бодрум

deca-begalci-slikiДржавната новинска агенција на Турција вели дека четири лица се уапсни под сомнение дека се поврзани со шверцот на бегалци од кои 12 се удавија минатата недела. Се соочуваат со обвиненија за шверц и убиство од небрежност.

Агенцијата Анадолу вели дека четири лица, вклучително и еден сириски државјанин биле на информативен разговор во Судот во Бодрум.

Меѓу дванаесетте мигранти кои минатата недела се удавија при обид од Турција да стигнат во Грција се и двете дечиња, тригодишниот Ајлан, неговото петгодишно братче, како и нивната мајка, кои вчера беа погребани во родниот град, Кобане во Сирија.

Тие починаа откако гумениот чамец со кој патувале се превртел.

Дваесет и четири други Сиријци, меѓу кои и пет деца пливале до брегот, пренесува агенцијата.

Над 364 илјади бегалци имаат пристигнато во Европа

begalci33Бројот на напливот на бегалци во Европа оваа година е фрапантен.

Интернационалната организација за миграција информира дека повеќе од 364 илјади мигранти имаат пристигнато во Европа досега, притоа наедувајќи дека околу 2.800 бегалци го загубиле животот при нивната рута, во најголем број преминувајќи го морето од Северна Арика.

Грција и Италија се чини се најтешко погодените нации, каде е забелеан најголем наплив на мигранти, во најголем број во воден пат. Унгарските граници ги преминале повеќе од 163 илјади мигранти.

Унгарските власти со информираа дека еден мигрант починал на железничката станица во Бицске, бидејќи колабирал, откако претходно бил заглавен два дена со уште 500 други мигранти.

Човекот бил меѓу 350-те мигранти кои го проба полицискиот кордон за да влезат во Австрија.  Мигрантите одбиле да отидат во унгарскиот центар за бегалци, а полицијата пак не дозволила возот да тргне за Австрија.

Медицинските екипи веднаш се обиделе да му помогнат на педесетгодишниот мигрант, а точните причини за смртта сеуште се непознати.

Велика Британија ќе прифати бегалци само од Сирија

камеронБританскиот премиер, Дејвид Камерон вели дека Владата ќе се консултира со невладините организации пред да се изјасни колку сириски бегалци ќе прифати Велика Британија.

Камерон за време на посетата на Лисабон во петокот истакна дека Велика Британија ќе прифати илјадници бегалци. Неколку часа подоцна во Мадрид, тој рекол дека точната бројка ќе се знае во наредните неколку дена.

Имено, Велика Британија ќе прими само бегалци од Сирија.

Исто така Камерон истакна дека Велика Британија ќе ја зголеми својата донација за жртвите од сирискиот конфликт, за што ќе одвои милијарда фунти.

Тој додаде дека ова распределување на мигрантите на е одговор на проблемот.

-За да се заврши оваа криза потребна е Влада во Либија, решение во Сирија, рекол тој.

Трговија со сириски пасоши

Официјална Германија вели дека царинските органи пресретнале пакети кои содржат сириски пасоши, вистински и лажни.

Портпаролката на Министерството за финансии, Фредерике фон Тиесенхаусен во петокот рекла дека федералната полиција ги испитува пасошите кои се пронајдени за време на рутинските проверки.

Шефот на граничната агенција на Европската унија ФРОНТЕКС вели дека трговијата со лажни сириски пасоши е зголемена, особено во Турција. Сиријците кои бегаат од граѓанската војна во нивната земја имаат големи шанси да добијат азил во земјите од ЕУ, па затоа сирискиот пасош стана многу атрактивен.

Во заедничка изјава премиерите на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка одбија воспоставување секаков систем за прифаќање на мигрантите во 28. земји членки на Европската унија.

Германија очекува да се соочи со 800 илјади барања за азил оваа година и притиска другите земји да сторат нешто повеќе.

Мрежа на градови за бегалци во Шпанија

Во Шпанија се работи на создавање на мрежа на градови за прием на бегалци. Земјата треба да прими околу 2.739.

Програмата „Бегалски град“ започна кога градоначалникот на Барселона, Ада Колау најави создавање на регистар на луѓе кои сакаат да вдомат бегалци и да им помогнат.

Таа доби илјадници понуди.

Другите градови како Мадрид и Валенсија го следеа примерот. Градоначалникот на Мадрид, Мануела Кармена вети дека ќе посвети десет милиони евра на проектот.

Опозициските групи ја критикуваа неподготвеноста на Владата да земе поголем број бегалци. Вицепремиерот Сораја Саенц де Сантамарија во петокот рече дека Шпанија најверојатно ќе земе повеќе мигранти од претходно највената бројка.

„Амнести Интернешенл“: Грци со палки нападнале бегалци на островот Кос

„Амнести интернешенл“ вели дека лути Грци со палки нападнале мигранти на островот Кос извикувајќи: „Вратете се во вашите земји“, како и дека грчката полиција не интервенирала доволно брзо.

Групата за човекови права ги повика грчките и европските власти на подобрување на „пеколните“ услови со кои се соочуваат илјадници мигранти додека чекаат на скрининг на источниот остров во Егејското море.

Агенцијата наведува дека во петокот бил забележан напад на 25 лица врз мигрантите. Амнести додава дека грчката полиција само интервенирала, употребувајќи солзавец и тоа откако физичкиот напад веќе бил почнат.

Мигрантите со мали чамци пристигаат до Кос, каде како што пренесува Групата за човекови права нема рифатен центар, туку мигрантите спијат на отвореносо малку храна или вода.

Приливот на бегалци најважен предизвик во Европа

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој вели дека приливот на мигранти во Европа ќе биде најважниот предизвик на континентот, како и дека европските нации не можат да не им дадат азил на оние кои тоа го заслужуваат.

Рахој вети дека неговата земја ќе прифати дел од бранот бегалци.

Мигранти пеш од Будимпешта до Австрија

Стотици мигранти го пробија кордонот на унгарската полиција на железничката станица во Брицске и предизвикаа прекин во железничкиот сообраќај.

Полицијата дел од мигрантите ги врати повторно во возовите, а ситуацијата бее тензична проследена со викања, лелеци, плачење. Меѓутоа полицијата не успеа да го блокира малцинството од околу 500 лица.

Репортер на  „Асошиејтед прес“ видел околу 200 мигранти кои се упатиле кон Австрија.

Тие ги одбиле барањата на полицијата да се упататкон центарот за бегалци.

Стотици фрустрирани мигранти маршираат од Будимпешта, ветувајќи дека ќе стигнат до австриската граница пешки откако унгарската полиција ги блокираше возовите.

Поголемиот дел од бегалците воглавно Сиријци сакаат на крајот да стигнат во Германија или во некоја од останатите западноевропски земји и се обидуваат да избегнат регистрирање во економски неразвиената Унгарија, за која е поверојатно да ги депортира во нивната матична земја.

Бегалец од Сирија прегазен од воз во Грција

Властите во северна Грција велат дека бегалец од Сирија бил прегазен од воз за време на ноќта по влегувањето во земјата од соседна Турција.

Четириесет и петгодишниот маж кој носел транзитни документи издадени на мигрантите во Турција бил прегазен вчера изутрина. Машиновозачот изјавил дека се обидел, но не успеал да го сопре возот навреме.

Да се врати чувството на единство

Германија ги повика членките на ЕУ да го вратат чувството на единство во пресрет на најголемата бегалска криза по Втората светска војна.

Германскиот министер за надворешни работи Валтер Штајнмаер вчера изјавил дека нема да се справат со овој проблем доколку прстот е насочен кон другите земји.

-Обвинувајќи се еден меѓу друг проблемот нема да биде ставен под контрола, изјавил тој.

Тој додал дека Европа не смее да дозволи да биде поделена, па дури и при ваков предизвик.

Унгарија ја обвини Германија дека ги охрабрува бегалците во што поголем број да бараат азил.

Комесарот на ЕУ за миграција, Димитрис Аврамопулос вели дека брзо процесирачки центар ќе биде поставен во Пиреја, во близина на Атина, каде што европските тимови брзо ќе земаат отпечатоци и ќе ги процесуираат мигрантите.

Тој зборуваше за време на неговата посета на островот Кос, на кој пристигнуваат голм број мигранти.

Во центарот ќе се утврдува дали бегалецот бега од војна и може да добие азил во Европа, или пак е екомонски мигрант. Во случај да е економси мигрант ќе биде испратен дома.

Аврамопулос рече дека миграциската криза е директно поврзана со геополитичката нестабилност на соседните земји.

Тој додаде дека оваа криза „нема да заврши во текот на ноќта“, како и дека за решавање на овој предизвик се потребни системи и политичка волја.

Ирска ќе прифати најмалку 1.800 бегалци

begalciМинистерот за правда, Френсис Фицџералд вчера изјавила дека е потребен поопфатен одговор на трагичните настани кои се одвиваат.

Таа рече дека бројката на прифатени ќе биде во илјадници, но дека прецизната бројка сеуште не е деинирана.

Таа исто така повика на зголемување на програмите за помош и продолжување на поморската истраа и спасување на бегалците во Средоземното море.

Словачката полиција информира за фатална сообраќајка во која учествувал и мал камион со кој се превезувале 23 бегалци од Сирија. Несреќата се случила на патот од Унгарија во северозападниот дел на Словачка.

Портпаролот на полицијата Мартин Валди вели дека возило кое превезувало мигранти се судрило со друг автомобил во четвртокот во близина на границата со Чешка и Полска.

Во несреќата имало и жртви.

Бегалците не сакаат азил во Унгарија

Германската Влада упатува помалку совети до Унгарија како да се справи со мигрантите кои одбиваат да бидат регистрирани во земјата.

Портпаролот на Владата Штефен Сеиберт рекол дека „не може да бидат дадени било какви препораки на унгарските ли било кои други власти во отсуство на прецизно познавање на ситуацијата во и околу Будимпешта“.

Бегалците се обидуваат да ги избегнат унгарските кампови бидејќи тие не сакаат да бараат азил во земјата.

Унгарија вели дека приливот на мигранти е проблем за Германија, бидејќи земјата е крајна дестинација на најголемиот дел од бегалците.

Сеиберт ја повтори позицијата на Берлин дека е потребен паневропски одговор. Тој истакна дека обврска на Будимпешта е да ги регистрира мигрантите, како и да се грижи за нив.

Тој додал дека претпоставува дека Унгарија, како дел од западната заедница на вредности ќе ги исполни своите законски и хуманитарни обврски.

Судири на полицијата и бегалците на Лезбос

Градоначалникот на островот Лезбос апелира на итни мерки за помош за ублажување на миграциската криза на неговиот остров, кој е влезна точка за стотици илјади луѓе кои пристигнале во Грција оваа година.

Спирос Галинос ја опиша ситуацијата како темпирана бомба која може да експлодира во неговите раце.

Апелирам до премиерот за итни мерки, изјавил Галинос кој додал дека „ќе има жртви“.

Пртетходно избија судири меѓу полицијата и мигрантите, главно од Авганистан, кои се обидувале да брзаат кон фериботот кој се упатувал кон Пиреја. Полицијата употребила шок бомби за да се одвратат од толпата која фрлала со камења.

Галинос оопштил дека имало околу 15 илјади мигранти на Лезбос, од кои 7-8.000 веќе биле регистрирани и чекале да го напуштат островот, но не биле во можност. Владата стартуваше со два ферибота, меѓутоа со приливот на илјадници мигранти секој ден, тоа не е доволно.

Галинос рече дека предложил екстра фериботи како и чартер летови за смирување на пренатрупаноста на островот.

Не ми треба еден брод, ми треба една флота, рекол тој.

Во „камионот на смртта“ пронајдени телата на 71 мигрант

kamion-begalci-3-640x396 (1)Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс вели дека кризата на бегалци и мигранти е ништо помалку од момент на вистината во европската историја.

Говорејќи среде хаосот на мигранти кои пристигнуаат на грчкиот остров Кос, тој рече дека ЕУ е сеуште во потрага по рамнотежа помеѓу заштитата на оние кои имаат потреба од засолниште и чување на оние кои само бараат економско богатство.

Минатата недела беа пронајдени безживотни тела на 71 мигрант во камион на еден австриски автопат. Мигрантите најверојатно починале од задушување, но потебни се неколку недели за да се утврди точната причина за смртта.

Меѓу жртвите имало бегалци од Сирија, Авганистан и Ирак.

Шефот на полицијата во Бургенланд, каде беше пронајден камионот во петокот изјавил дека сличен случај имало истиот ден, кога 81 мигрант со хебла успеале да го отворат камионот за да добијат свеж воздух.

Тој рекол дека сеуште не е познат идентитот на жрвите, како и дека форензичаите ќе продолжат да работат со недели на случајот.

Германската полиција вели дека го истражува случајот на пожар кој избувна во дом за лица кои бараат азил в западната држава Хесе, при кој беа повредени пет лица.

Полицијата соопшти дека е премногу рано да се каже дали пожарот во текот на ноќта бил подметнат.

При пожарот едно лице е сериозно повредено, а четири други лица се лекуваат од мало вдишување на чад. Околу 60 жители на зградата сега се згрижени од страна на Црвениот крст.

Германците генерално се љубезни со бегалците и им нудат помош, меѓутоа забележани се низа напади врз домовите каде се сместени лица кои бараат азил.

Во Естонија повеќе од 50 лица, меѓу кои 13 деца се евакуирани од центарот за азил во четвртокот, по пожарот кој избувна, а за кој се претпоставува дека е подметнат. За среќа нема повредени.

Стотици бегалци спасени крај грчкото крајбрежје

Агенцијата за бегалци на ОН вели дека Велика Британија ќе земе уште 4 илјади бегалци од Сирија.

-Ја поздравуваме оваа одлука за зголемување на бројот на места за прифаќање бегалци. Тие места се од клучно значење за животите и иднината на 4 илјади лица, рекла портпаролката Мелиса Флеминг.

begalciПретходно, британскиот премиер, Дејвид Камерон рече дека неговата земја ќе прифати илјадници луѓе, но дека деталите ќе бидат познати наредната недела.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека спасила стотици бегалци и мигранти од морето во близина на егејските остров, додека стотици илјадници луѓе бегаат од војната и сиромаштијата.

Чувар на брегот соопштил дека им помогнал на 535 лица во 12 инциденти во близина на островите Лезбос, Самос, Агатониси, Калолимнос и Кос.