САД со нова помош од 300 милиони долари за Авганистан

САД ќе обезбеди нова помош за Авганистан, во висина од 300 милиони долари, објави „АФП“, пренесува „Стандард њуз“.

Првата транша во износ од 77 милиони долари ќе биде доделена од Американската агенција за меѓународен развој, со цел развој на пазарите и обезбедување на стабилноста на авганистанскиот буџет при пристапувањето на Кабул во светската трговска организација.

Втората транша од 92 милиони долари ќе биде наменета за развој на пазарот на трудот. Резултат на иницијативата треба да биде појавувањето на квалификувана работна сила во земјата. Друг дел од парите ќе послужи за развој на земјоделскиот сектор. Се ланира 40 илјади земјоделци да добијат пристап до напредна технологија и да ги зголемат приносите со 20 отсто.