САД со сурови санкции за Русија

САД имаат намера од денеска, 17 март, да воведат сурови санкции во однос на Русија, пренесе „Обозревател“, повикувајќи се на руски дипломатски извор.

Според информација на изворот, целосно ќе биде замрзнат капиталот, инвестициите и кредитите, ќе биде блокирана продажбата на природен гас за Европа. Ќе биде забранет пристапот до САД на сите руски граѓани, бизнисмени и чиновници.

Покрај тоа САД имаат намера да преземат мерки против сопственоста и капиталот со руско потекло во земјата. Ќе биде определенo потеклото на парите со кои е купена сопственоста, ќе бидат замрзнати сите проблематични сметки.

Ќе бидат испитани и сите компании и целокупниот имот на руските олигарси.