САД со закани за нови санкции до Русија

Амбасадорот на САД во Обединетите Нации, предупреди дека Америка е подготвена да воведе нови санкции против Русија поради агресијата и провокациите во Украина, пренесе „АФП“.

За време на расправата во Советот за безбедност на ОН, Саманта Пауер, истакна дека она што се случи во Крим не може да се повтори и во други делови од Украина, алудирајќи на источните региони во кои мнозинството од населението е со руско потекло.

„Крадец може да украде сопственост, но тоа не му дава право на сопственост на крадецот. Стореното од Русија е погрешно во интерес на законот, во интерес на историјата, во интерес на политиката и е многу опасно“, истакнала Пауер .