Свет

САД ја шпионирале цела влада на Германија

САД ја шпионирале цела влада на Германија
САД ја шпионирале цела влада на Германија

Американската агенција за национална безбедност (НСА) не ја шпионирала само германската канцеларка Ангела Меркел, туку и голем број високопоставени членови во владата на Германија, објавува „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.

Според објавената вест, прислушувани биле телефоните на министрите за економија и за финансии.

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ и телевизијата А Ер Де, повикувајќи се на документи на „Викиликс“, објавуваат дека НСА прислушувала 69 телефони на членови на германската влада. Меѓу нив е министерот за екомномија и вицеканцелар, Зигмар Габриел. Според ова, не само Меркел, САД ја шпионирале цела влада на Германија.

САД ја шпионирале цела влада на Германија
САД ја шпионирале цела влада на Германија

Во документите се тврди дека британското разузнување, исто така, учествувало во некои од операциите.

„Зидојче цајтунг“, кој имал достап до документите, објави дека најверојатно прислушувањето било сторено во периодот од 2010 до 2012 година.

Пред две години беше објавено дека телефонот на Ангела Меркел бил прислушуван од американската НСА, што доведе до дипломатски скандал меѓу Берлин и Вашингтон. Неодамна, германските обвинители ги сопреа истрагите за овој случај, бидејќи имале недостаток на конкретни докази.