САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност при ОН за Ерусалим

Соединетите држави во понеделникот ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност при Обединетите нации за Ерусалим којашто ги повикува сите држави да се воздржат од преселувањето на нивните амбасади во овој град.

Текстот на резолуцијата ги критикуваше одлуките коишто сакат ада го изменат „карактерот, статусот или демографскиот систем на Светиот град Ерусалим“ и бара тие да бидат повлечени, но не се именуваат изрично САД или нивниот претседател Доналд Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 6-ти декември ја напушти децениската практика на неговите претходници кои и покрај законот донесен во Конгресот на САД на 23-ти октомври 1995 и го призна Ерусалим за престолнина на Државата Израел, што ги загрози мировните напори на Блискиот исток и го вознемири арапските и муслиманските земји, како и американските западни сојузници.

Против нацрт резолуцијата, којашто ја подготви Египет, гласаа само САД, а 14-те други челни, четирите преостанати постојани и десетте непостојани членки на Советот за безбедност, гласаа за неа.

Амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли ваквиот исход од гласањето го нарече „навреда“ и порача дека тоа „нема да биде заборавено“.

Одлуката на Трамп да ја пресели амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим е „суверена одлука и потполно во согласност“ со претходните резолуции на Советот за безбедност, изјави амбасадорката Хејли.

Последен пат САД ставија резолуција на Советот за безбедност во февруари 2011 година, кога се разгледуваше текстот од нацрт резолуцијата којашто се однесуваше на активностите на Израел за населување на териториите коишто меѓународната заедница ги смета за окупирани палестински. Вкупно до 1990 година САД имаат вложено 14 резолуции посветени на палестинското прашање и арапско-израелскиот конфликт. Инаку, во текот на целото постоење на организацијата Соединетите држави ставале вето на вакви документи повеќе од дваесет пати.

Но во случајот на резолуцијата 2334 усвоена на 23-ти декември 2016 година која истакнува дека Советот за безбедност нема да признае никакви промени на границите од 4-ти јуни 1967 година, вклучително и статусот на Ерусалим, освен оние кои двете страни ги договориле во преговорите, оваа резолуција ха потврдија 14 земји, а САД беа воздржани и не вложија правото на вето, што го овозможи усвојувањето на текстот. Тоа беше дополнителна искра која го предизвика гневот на Израел кон администрацијата на претходниот американски претседател Барак Обама кој имаше без преседан во историјата лоши односи со израелските челници, и се создаде личен анимозитет меѓу него и тогашниот и сегашен израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, по низата скандали.

Откако во понеделникот вечерта САД ставија вето на споменатата египетска резолуција, палестинскиот министер за надворешни работи изјави дека Палестинците ќе бараат одржување на вонредна седница на Генералното собрание на ОН.

„Работиме на тоа во рок до 48 часа да свикаме вонредна седница на Генералното собрание“, порача пред новинарите во Рамала, шефот на палестинската дипломатија, Ријад ал-Малики. Додаде дека меѓународната заедница „одлуката на претседателот Трамп ќе ја смета за ништовна“.

Турското министерство за надворешни работи соопшти дека е „шокирано“ од ставањето вето на резолуцијата на Советот за безбедност, како и дека е неприфатливо ова телот по ветото од САД да остане неефикасно по прашањето на статусот на Ерусалим.

Од друга страна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се заблагодари на својот Twitter профил на САД, како и на американскиот претседател и на американската амбасадорка во ОН, наведувајќи дека „вистината ќе победи“.

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, пред информациите од Њујорк од седницата на Советот за безбедност во ОН во понеделникот во Рамала изјава дека нема да дозволи САД повторно да бидат мировен посредник, како и дека повторно во ОН че ги обнови напорите за барање за целосно признавање на државата Палестина.