САД стравуваат од виртуелeн Осама бин Ладен

Американското разузнавање стравува дека терористите може да создадат виртуелен Осама бин Ладен, кој би ја проповедал нивната идеологија, пишува „Хафингтон пост“.

Извештај од 2008 година наменет за директорот на Националното разузнавање, говори, дека архивите со аудио записи од поранешниот лидер на Ал Каеда е можно да бидат искористени заедно со зд анимација за да се направи „дигитална кукла“ која ќе зборува се’ што нејзините создавачи би сакале.

Во извештајотв се посочуваат детаљи и за опасностите дека терористите би можеле да наоѓаат нови истомисленици преку мрежната игра World of Warcraft и други видео игри.

Документот е објавен неодамна од експерт по безбедност и истражувач од Федерацијата на американски научници по барање на организацијата Слобода на информирање.

Станува јасно, дека немало докази дека ги замислил дејствијата опишани во документот. Документот повеќе опишува можни идни употреби на интернетот за ширење идеите и бил обид за „нестандардно“ размислување.

Во заклучокот се објаснува дека целта е да биде разбрана „трансформирачката промена“ која што растечкиот онлајн простор ја носи со себе.

Некои од изводите во документот ссе многу блиски до реалниот развој на онлајн општеството. Една од тие тези, на пример, е дека „во следните пет до 10 години виртуелна валута ќе почне да се користи се пошироко и ќе се разменува слободно“ – прогноза која што го предвиде успехот на бит коинот.