САД: Судар на седумдесет возила, дваесет и двајца повредени

Силната снежна бура во американската сојузна држава Вајоминг предизвика масивна сообраќајна несреќа, во која учествувале околу 70 автомобили, пренесе ТАСС.

Во сударот се повредени 22 лица, од кои 20 се префрлени во болница. Ниту еден од повредените не е животно загрозен.

Поради несреќата беше запрено движењето по автопатот што ги поврзува Вајоминг и државите Небраска и Јута.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.