САД: Tри девојчиња загинаа на Ноќта на вештерките

Три 13-годишни девојчиња, од кои две биле близначки, облечени во костуми за Ноќта на вештерките, кои „коледареле“ во гратчето Санта Ана во Оринџ Каунти, ги загубија животите кога ги прегазил џип, јавуваат медиумите во Калифорнија, САД.

Кратко после несреќата вчеравечер, двајцата мажи кои биле во џипот го оставиле возилото на околу 800 метри од местото каде удриле во девојчињата и избегале пеш.

Сведоци на несреќата биле 8-годишно девојче и нејзиниот татко, кои виделе дека во возилото има двајца мажи. Несреќата се случила на место каде ограничувањето e 25 милји, односно 40 километри на час, а според првичната истрага џипот возел со брзина од 50 милји, односно 80 километри на час.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.