САД: Турција треба да биде во коалицијата против Исламската држава

Турција треба да биде партнер во коалицијата против групата Исламска држава, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, потенцирајќи го геогафското значење на земјата.

– Дали ќе придонесат со воено учество зависи од нив. Ние немаме конкретно барање кон Анкара. Ние го побаравме нивниот став за оваа ситуација и побаравме да одлучат што е можно за нив. Тие предложија идеи за некои работи, кои би можеле да ги сторат и кои може да бидат корисни, истакна Кирби за весникот „Хуриет дејли њуз“.

– Тие нека одлучат за тоа. Но ние знаеме дека Турција од географска гледна точка треба да биде партнер во тие напори, додаде портпаролот на Пентагон.

 Кирби нагласи дека САД се свесни оти Турција има голем интерес за ова прашање од гледна точка за нејзината национална безбедност.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.