САД: Уапсени шест лица кои сакале да заминат на боиште во Сирија

Шест лица се уапсени во Минесота бидејќи се обиделе да заминат во Сирија за да се борат на страната на екстремистите, соопштија американските федерални органи.

Портпаролот од Канцеларијата на американскиот обвинител, Бен Петок потврди дека вчера имало апсења во Минеаполис и во Сан Диего.

Се очекува ФБИ денеска да има прес конференција на која ќе соопшти за детали.

Од канцеларијата на ФБИ во Минеаполис беше наведено дека се уапсени шест луѓе без да се дадат детали. Од 2007 година повеќе до 22 млади лица со потекло од Сомалија исто така заминале од Минесота во Сомалија да се борат на страна на екстремистичката група Ал Шабаб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.