недела, 15 јануари 2017  |  Вести денес: 16

САД: Убиени тројца полицајци во Батон Руж

Американските власти потврдија дека се убиени тројца полицајци во пукотниците во Батон Руж во Лузијана, како и дека се повредени четири лица, а еден напаѓач е убиен.

baton ruz

Последни вести

Американските власти потврдија дека се убиени тројца полицајци во пукотниците во Батон Руж во Лузијана, како и дека се повредени четири лица, а еден напаѓач е убиен.

Како што пренесува Раша Тудеј еден напаѓач е убиен во акцијата на аполицијата, но се верува дека уште двајца се во бегство.

Градоначалникот на Батон Руж Кип Холден наведе дека властите се обидуваат да заклучат за каква ситуација се работи, пренесува Ци Е н Ен.

Портпаролот  на полицијата Дон Копола изјави дека се ранети неколку полицајци и дека  тие се префрлени во болница. Копола немаше повеќе информации за повредите, како ни за тоа кој е одговорен за нападот. Тој истакна дека местото на нападот е обезбедено.

Еден очевидец рече дека напаѓачот е маскиран маж, облечен во црно.

Во Батон Руж неодамна беа организирани низа протести откако беа убиени  неколку Афроамериканци, по што следеа низа напади врз полицијата.

Во пукотниците во Далас, осомничениот Мајка Џонсон уби петмина полицајци.

Најчитани вести