Свет

САД: Усвоена резолуција за испраќање оружје во Украина

САД: Усвоена резолуција за испраќање оружје во Украина

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која претседателот Барак Обама е повикан да испрати оружје во Украина за да се заштити државата во борбите против проруските сили.

Резолуцијата е усвоена со 348 гласови „за“ и 48 „против“.

Официјални претставници од американскиот Стејт департмент наведуваат дека во рамки на администрацијата на Обама се разговара за таков вид помош, но се чека да се види дали договорите од февруари ќе бидат исполнети.

Претседателот на Претставничкиот дом Џон Бонер и група водечки демократи и републиканци засилија во почетокот на месецот притисок врз претседателот на САД да ја снабди Украина со смртоносно одбранбено оружје.

Голем број европски држави се противат на каков било потег на САД во правец на воена поддршка за украинската влада