САД вложија протест до Русија поради нејзиниот одговор на санкциите

Вашингтон изразил дипломатски протест во врска со одлуката на Москва да одговори на новиот круг антируски санкции, пишува весникот The Washington Post.

„Ние сме длабоко разочарани и изразуваме протест“, го цитира весникот шефот на службата за односи со јавноста на американскиот Стејт департмент, Хизер Науерт. Според неа, државниот секретар Рекс Тилерсон и американскиот амбасадор во Москва, Џон Тефт, веќе им ја пренеле пораката на руските власти.

Претходно беше објавено дека Москва му наложила на Вашингтон да го намали бројот на своите дипломати во Русија до 455 лица, колку што има и руски дипломати на територијата на САД, и го затвори пристапот до американската амбасадорска дача (летниковец) во Серебрјани Бор и складишните објекти во Москва. Ограничувањата стапуваат на сила на 1-ви август.

Руското министерство за надворешни работи објави дека Москва го задржува правото на преземање и други мерки кои можат да влијаат на американските интереси. Според заменикот на шефот на руската дипломатија, Сергеј Рјабков, Москва „не исклучива ниеден чекори за да ги насочи САД да сфатат“.

Ваквата руска одлука беше донесена како одговор на законот одобрен од американскиот Конгрес за новите санкции против Русија, кој истовремено го задолжува американскиот претседател да ги потпише и го оневозможува без негово одобрување да ги ублажи антируските санкции. Новиот пакет ограничувања, главно се однесуваат на рускиот енергетски сектор, и може да биде најголемиот воведен од почетокот на 2014 година во врска украинската криза за којашто Западот ја обвинува Русија, како и за референдумот со кој доминатното руско и ирускојазично население на црноморскиот полуостров Крим се одлучи да ја врати автономијата укината од властите во Киев во 1990-те години и со големо мнозинство изгласа присоединување кон Руската Федерација, што САД и неговите западни сојузници го сметаат за нелегално руско анектирање на украинска територија.

Во руското министерство за внатрешни работи законот за санкциите го опишале како „уцена во насока на ограничувањето на соработката на странските партнери со Русија“, кој ќе нанесе големи штети за многу земји и бизниси, пренесува агенцијата РИА. Во Москва истакнуваат дека законот има цел да создаде „недобронамерна конкурентна предност за САД во глобалната економија“.

Покрај тоа, кон крајот на декември минатата 2016 година во последните денови од својот мандат поранешниот демократски претседател на САД, Барак Обама, донесе нов пакет санкции против Русија за наводното нејзино и досега недокажано мешање во американските претседателски избори на кои неочекувано беше поразена фаворитката од Демократската партија, Хилари Клинтон. Покрај санкциите против руските разузнавачки агенции САД ги затворија комплексите за одор и рекреација на руската дипломатска мисија во Њујорк и во Вашингтон кои се руски екстериторијален посед и протераа 35 руски дипломати.

Како што изјави Сергеј Рјабков, Русија седум месеци очекува да ѝ биде вратена нејзината сопственост, но неодамнешните преговори на двете делегации во Вашингтон не доведоа до резултат, бидејќи САД поставиле неприфатливи услови за руската страна.