САД: Во хакерски напад украдени податоци на 100 илјади даночни обврзници

Албански хакери го нападнаа сајтот на српскиот омбудсман
Албански хакери го нападнаа сајтот на српскиот омбудсман

Федералната даночна служба на САД (ФДС) соопшти вчера дека била жртва на кибер напад, во кој биле украдени лични податоци на сто илјади даночни обврзници. Нападот бил извршен во периодот од февруари до средината на овој месец, пренесува МИА.

Хакерите успеале да добијат од третата, неидентификувана страна, лични податоци, како датум на раѓање, адреса, социјално-осигурителен број, се наведува во соопштението на ФДС.

Компјутерските експерти во службата утврдиле околу 200 илјади обиди за пристап до одредени лични податоци, ивршени од сомнителни електронски адреси.

Овој инцидент се случува во период на зголемување на кибер нападите врз големи американски компании, вклучувајќи и големи банки, што предизвика загриженост во Белата куќа.