САД во паника: Епидемија на голема кашлица ги коси најмладите

Здравствените власти во американската сојузна држава Калифорнија, прогласија епидемија поради невообичаено големиот број на лица кои се заболени од голема кашлица, акутна заразна болест која најчесто ги погодува децата помлади од шест месеци, пишува Јутарњи лист.

Од почетокот на годината, забележани се 3.458 случаи, што е повеќе од вкупниот број на заразени во текот на 2013 година. Само во последните две недели се пријавиле повеќе од 800 новозаразени, што е дестина пати повеќе од просечниот број на случаи кои во Калифорнија се јавуваат  во текот на месецот. Две третини од хоспитализираните се деца помлади од четири месеци, а две бебиња починаа.

„Апелираме до сите трудници итно да дојдат на вакцинација. Апелираме до родителите да ги вакцинираат децата, “ изјави директорот на калифорнискиот Завод за јавно здравје, Рон Чапман.

Последен пат, голема кашлица во масовни размери во Калифорнија се појави  пред четири години.