САД воведе санкции кон Иран

Претседател на САД, Доналд Трамп изјави денеска дека е „отворен“ за нов нуклеарен договор со иранскиот режим, потврдувајќи го повторното воведување на економски санкции врз Техеран, кого го обвинува за дестабилизирање на Блискиот Исток.

Во моментов додека продолжуваме со максимелен економски притисок врз иранскиот режим, останувам отворена за поширок договор кој ќе ги опфати сите неговите штетни активности, како и неговата балистичка програма и поддршката на тероризмот, рече американскиот претседател  во соопштението.

Соопштението е објавено неколку часа пред повторното воведување на санкциите за кои беше одлучено по едностраното повлекување на САД од историскиот договор за нуклеарната програма што го потпишаа во 2015 година Иран и светските велесили.

Првиот пакет санкции кои ќе стапат на сила во вторник во 6.01 часот  вклучува прекин на финансиското работење и увоз на суровини, како  и казни за купување во автомобилскиот сектор и во комерцијалната авијација. Потоа во ноември се предвидени уште потешки мерки кои ќе го погодат нафтениот и гасниот  секторот и централната банка.

Трамп се закани на сите компании кои ќе ги заобиколат санкциите дека ќе се соочат со сериозни последици, а претходно ЕК донесе соопштение дека ЕУ ќе ги заштити сите компании кои легално работат со Иран од санкциите на САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.