САД воведоа нови санкции за Пјонгјанг, ги повикаа Кина и Русија да делуваат

САД најавија во средата нови санкции со коишто сакаат да го спречат развојот на севернокорејското нуклеарно оружје и ги повикаа Кина и Русија да ги протераат државјаните на Северна Кореја кои работата во овие земји и според Вашингтон на тој начин собираат пари за споменатата програма.

Американското министерство за финансии воведе санкции против девет ентитети 16 поединци и шест севернокорејски бродови за коишто тврди дека помагаат во развојот на програмата за нуклеарно и ракетно вооружување. Министерството тврди дека трговски компании со седиште во Кина учествуваат во извозот на метали во износи од милиони долари, како и на други производи коишто се користат во градењето оружја.

Меѓу санкционираните личности се членови на севернокорејскта Работничка партија коишто работата во Кина, Русија и Грузија во отцепената покраина Абхазија. Меѓу тие функционери се и заменикот на конзулот во Находка во Русија како и лице кое наводни испраќа работници во Абхазија работници од Северна Кореја. САД воведоа санкции и против севернокорејското министерство за нафта.

„Министерството за финансии продолжува систематски да санкционира поединци и ентитети кои го финансираат режимот на (севернокорејскиот челник) Ким Џонг-ун, и неговата програма за оружје вклучително и функционери кои учествуваат во мрежата за избегнување на санкциите“, изјави американскиот министер за финансии Стивен Мначин.

Санкциите му овозможуваат на Вашингтон да замрзне имот кој овие поединци или компании го имаат во САД, и да им забрани на американските државјани да работата со нив.

Експертот за санкции Ентони Руџеро од Фондацијата за одбрана на демократијата изјави дека санкциите покажуваат оти американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да спроведува политика на „максимален притисок“, иако изминатите седмици двете Кореи ги затоплија односите и ги обновија преговорите.

„Акцијата против кинеските компании е важна, бидејќи го зголемува притисокот врз Пекинг да ги сопре кинеските државјани во избегнувањето на санкциите“, додаде.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.