САД воведува нови санкции за Кина

Кинеските државни медиуми ги повикаа другите држави „чврсто да се постават против протекционистичките мерки на Вашингтон“ непосредно пред САД да воведе нови трговски санкции кон Кина.

-Бидејќи се чини дека САД и понатаму ќе се однесува на тој начин, другите држави би требало да престанат да се надеваат дека ќе бидат поштедени од нивните протекционистички потези и ќе бидат порешителни во силното поставување против САД- пишува „Чајна Дејли“.

Додека американските царини во првиот период би ги зголемиле американскиот БДП и би го успориле кинескиот стопански раст исто така би го успориле светскиот економски раст, пишува весникот неведувајќи го истраќувањето на банката China International Capital Corporation.

Американскиот претседател денеска се подготвува да ги објави новите санкции против Кина по повеќемесечната истрага за наводната кинеска кражба на интелектуелна сопственост, пишува Белата Куќа.
Мерките би можеле да вклучуваат царини межу 30 и 60 милијарди долари како и ограничување на вложувањата.
Трамп пред две недели воведе царини на увозот на челик и алуминиум што кинеските трговски експерти опишуваат како безобзирен напад на мултитрговскиот систем.

Кинескиот премиер Ли Кечианг предупреди во вторник дека „никој нема да излезе како победник во трговската војна, како и дека Пекинг се надева оти Вашингтон ќе се однесува „рационално“.