(ВИДЕО) САД: Воз со нафта излетал од шини и предизвикал пожар

Воз што превезувал нафта излета од шините во САД, предизвикувајќи голем пожар. Едно лице е хоспитализирано, откако вдишал отровен чад. Засега нема други повредени.

Железничката композиција, која се состоела од сто вагони цистерни, излетала од шините во Западна Вирџинија, на 50 километри југоисточно од престолнината на американската држава Чарлстон.

Најмалку еден вагон цистерна со нафта паднал во реката Каноа. Другите 14 се запалиле. Избувнатиот пожар изгорел една куќа.

Реонот во радиус од два километри бил изолиран. Жителите на два града кои спаѓаат во зоната биле евакуирани.

Работите на отстранување на последиците од инцидентот се отежнати од неповолните метеоролошки услови – минусните температури и дебелата снежна прекривка.