Свет

Воз со отровни материи излета од шини

Воз со отровни материи излета од шини
Воз со отровни материи излета од шини

Воз со отровни материи излета од шини и се запали во Тенеси, во јужниот дел на САД, соопштија противпожарните екипи.

Возот излетал од шините во областа Меривил, во близина на градот Кноксвил. Тој превезувал акрилонитрил, запалив и токсичен хемиски производ што претставува ризик за дишните патишта, изјави пожарникарот Кермит Естерлинг.

Засега нема информации за човечки жртви, а полицијата започна со евакуација на локалното населние во училиштата кои се претворени во прифатни центри.

Пожарникарите засега не успеваат да го неутрализираат пожарот поради опасниот акрилонитрил, а екипите специјализирани за опасни материи се упатени на местото на несреќата.

Возот што превезувал и контејнери со течен нафтен гас излетал од шините малку пред полноќ по локално време, потврдија противпожарните екипи.