вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 0

САД вратија на Куба уште 44 мигранти

Според податоци на крајбрежната стража, од 1 октомври минатата година 2.785 Кубанци биле пресретнати во теснецот, кој го разделува островот од Флорида.

133112374

Последни вести

Американската крајбрежна стража вратила 44 кубански мигранти во нивната земја, кои се обиделе преку Атланскиот Океан да пристигнат до брегот на САД.

Според податоци на крајбрежната стража, од 1 октомври минатата година 2.785 Кубанци биле пресретнати во теснецот, кој го разделува островот од Флорида.

Секој кубански државјанин кој пристигнал на американска територија, според законот за регулирање на кубанското прашање, има право да остане во САД и да ги користи привилегиите при добивање право на престој и наоѓање на работа. Обично мигрантите кои ќе бидат пресретнати во Атланскиот Океан се враќаат на Куба.

Процесот на нормализирање на односите меѓу Вашингтон и Хавана, кој започна пред 15 месеци, доведе до силно зголемување на бројот на Кубанци, кои се обидуваат да влезат во САД, стравувајќи од евентуална промена на миграциската политика.

Најчитани вести