САД забрани извоз на стоки, технологија или услуги со Крим

Барак Обама издал наредба за забрана за извоз на стоки, технологија или услуги со Крим.

Американскиот претседател го овластил и Министерството за финансии за воведување санкции против поединци и компании кои работат во регионот.

Со овој чекор воедно Обама ја повика Русија да ја прекине својата анексија врз регионот.

Европската унија воведе слични санкции, а и  Канада синоќа соопшти дека воведува санкции против Крим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.