Анализи

САД загрижени поради руско-германскиот гасовод

САД загрижени поради руско-германскиот гасовод

Новиот гасовод Северен тек 2 од Русија до Германија, предизвикува загриженост на САД и од воен и од разузнавачки бидејќи на Москва би ѝ овозможило да постави нова технологија за надзор и прислушување во Балтичкото море, соопшто во четвртокот американската Сандра Оудкирк, помошничка на државнито секретар за енергетска дипломатија.

Во текот на својот престој во германската престолнина Берлин, Сандра Одукирк рече дека имала средби со германските функционери за да има изрази американската загриженост поради споменатиот подморски проект.

Конзорциумот од германски, австриски и француски компании и рускиот енергетски гигант „Газпром“ оваа седмица ги најави подготвителните работи на прокетот на германскиот брег на Балтичкото Море.

Оудкрик потсети дека американскиот конгрес му дал зелено светло на претседателот Доналд Трамп за воведување санкции на низа проекти кои се однесуваат на руските гасоводи, со што би биле погодени сите компании кои во него учествуваат.

„Новиот проект би овозможил поставување нови технологии по должината на рутата на гасоводот, а тоа претставува закана“, рече уште американската дипломатка. Додаде дека од истата прилина САД се противат и на изградбата на турскиот копнен гасовод Турски тек, со кој е заменет претходниот проект Јужен тек од кој Русија се откажа поради опструкциите од страна на Европската унија.

Финска ги издаде неоходните дозволи за изградба на Северен тек 2. Данска изразува загриженост поради овој проект и допрва мора да донесе одлука дали ќе се согласи на градење на гасоводот во близина на нејзиниот брег. Дозвола, исто така, треба да даде и Шведска. Компанијата „Nord Stream 2 AG“ во наредните месеци ги чека дозволите за изградба на гасоводот и од Русија, Шведска и Данска.

САД го поддржуваат данско-полскиот проект на Балтичкиот гасовод, бидејќи со него би се доверзификувале снабдувачите и првците на снабдувањето на штета на руските компании. Овој гасовод би требало да биде довршен во 2022 година и прв значаен проект на Полска со кој би требало да се намали зависноста од рускиот гас. А токму Полска е наголемиот противник на Северен тек 2, коај стравува дека со него ќе ги загуби транзитните станици на гасоводот кој води преку Украина и ќе има проблеми во снабдувањето со енергија во земјата, а воедно преку Германија ќе плаќа поскап гас.

 

Руско-германскиот проект, генерално, предизвикува бурни расправи во Европа

Проектот Северен тек 2 вклучува изградба на две траси на гасоводот, со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, од Русија во Германија преку Балтичкото Море. Трасата е идентична како и постојниот гасовод Северен тек, со кој управува компанијата „Nord Stream“.

Претходно беше планирано „Газпром“ во заедничкиот проект Северен тек 2 во компанијата којашто би го реализирала проектот да има 50 отсто удел, додека остатокот од по 10 отсто да им припадне на компаниите „Uniper“ (поранешен E.ON), BASF/Wintershall, Shell, OMV и ENGIE. Меѓутоа, партнерите се откажаа откако се појавија проблемите со полската агенција за антимонопол.

Полска, Латвија и Литванија се противат на градењето на Северен тек 2 стравувајќи дека преку Германија ќе има преголем удел на рускиот гас на нејзиниот пазар и нивните челници се убедени дека станува збор за политички проект. Полска, исто така, изјави дека плановите за изградба на уште еден гасовод кој би ги поврзувал Русија и Германија, ткн Северен тек 2, не се економски мотивирани, туку имаат политички причини.

Уште неколку држави од средна и источна Европа пред повеќе од една година му пишаа протесно писмо на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, сметајќи дека овој гасовод не е во согласност со европското енергетско законодавство и стратешките цели. САД коишто имаа сериозни амбиции својот природен гас да го извезуваат во Европа, пак, овој проект го сметаа за „давање ветер в грбот“ на европската зависност од рускиот гас.

Во декември 2015-та Италија се обиде да го блокира продолжувањето на санкциите на ЕУ против Русија поради украинската криза и истапи противи изградбата на рускиот гасовод Северен тек-2, кој го форсира и делумно финансира Германија, откако Европската комисија со своите активности всушност предизвика Москва да се повлече од проектот Јужен тек, со кој со природен гас требаше да се снабдува и Италија. Тогашниот премиер Матео Ренци отворено ја обвини Унијата за „двојни стандарди“.

Од друга страна, пак, Германија го поддржува проектот Северен тек 2, како и австриската компанија OMV која оцени дека е овој гасовод е многу важен за европската енергетска безбедност, бидејќи алтернативното снабдување со гасот низ Украина, која е исполитизирана со затегнатите руско-украински односи и во минатото доведе до три ткн „гасни војни“ со што беа оштетени корисниците во Европа.

Според достапните информации, снабдувањето преку Северен тек во 2015 година изнесувало 39 милијарди кубни метри гас, или 70 отсто од проектираните капацитети на гасоводот.

Почетокот на функционирањето на гасоводот Северен тек -2 (Nord Stream 2 AG) е предвиден за крајот на 2019 година. Тој ќе минува по дното од Балтичкото Море од рускиот брег до брегот на Германија. Капацитетот на секоја од овие две маршрути е 27,5 милијарди кубни метри гаса годишно. Капиталните расходи за проектот се проценуваат на 8 милијарди евра, а вкупните трошоци врз основа на привлекување на финансиите за проектот се процените на 9,9 милијарди евра.

 

Берлин се противи ЕК да преговара со Русија

Во јуни минатата година тринаесет земји од Европската унија изразија поддршка за предлогот Европската комисија да биде таа којашто преговара околу забелешките на сметка на новиот руски гасовод Северен тек 2 кон Германија, додека официјален Берлин силно се спротистави.

На неофицијалнта расправа на министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ, членките се изјаснија против планот рускиот гасовод од рускиот балтички брег директно да испорачува гас во Германија, барајќи ЕК да добие мандат со Русија да преговара во името на целата Унија. Германија, пак, којашто се обидува да ја преземе улогата на најголем дистрибутер на руски гас во Европа, на тоа гледа исклучително како на комерцијален аспект, а канцеларката Ангела Меркел во тоа не гледа никава улога на Европската комисија.

Источноевропските и балтичките земјки стравуваат дека уште повеќе ќе станат зависни од „Газпром“, како и дека ќе ја отсече Украина со којашто во минатото Русија водеше неколку „гасни војни“ поради цената и обвинувањата дека преку украинските гасни јазли се поткраднува гасот со што страдаа европските потрошувачи. Бидејќи гасоводот ќе ја заобиколува Украина, Италија стравува од можното зголемување на цените на гасот за купувачите поодалечени од новата рута.

Нордиските земји, пак, наведуваат дека имаат наводни безбедносни причини поради коишто се противат на гасоводот кој би минувал во близина на нивните брегови, под Балтичкото Море, каде што се засилени и руските воени активност како одговор на зголеменото присуство на НАТО војските на руските граници. Данска дури размислува за измена на законот за да боже да забрени гасоводни приокети како Северен тек 2 и ја поздрави намерата на ЕК овој проект да биде подложен на прописите за енергетиката во ЕУ, кои спречуваат доставувачите на енергенсите да владеат и со инфраструктурата.

Германија остро се спротистави на промената на законодавството во ЕУ и во јануари на Европската комисија ѝ достави правно мислење во коешто се истакнува дека „Берлин не гледа каков и да е разумен аргумент кој би одел во прилог на предложените измени“, а на крајот се одлучи за едностран потег и поднесе стручен извештај во кој се наведува дека поставувањето на секакви пречки за проектот од Брисел „ќе биде непростливо“. Германскиот весник Ostexperte пишуваше дека во Берлин дека секакви промени на директивите на Европската унија за енергетската политика нема да влијаат врз градењето на гасоводот, бедејќи инвестициите за проектот одамна се договорени.