САД загубија или, сепак, им оставија на терористите во Ирак оружје вредно милијарда долари

Минатава седмица меѓународната невладина организација Amnesty International објави дека американската армија не знае каде е дел од оружјето доставувано во Ирак и Кувајт, а вредноста на „исчезнатото“ оружје се проценува на најмалку милиајрда американски долари. И притоа се поставува прашањето дали тоа е уништено во судири, навистина загубено или, едноставно, оставено за вооружување на екстремистите на Блискиот исток кои се обидуваат да ги соборат владите, во прв ред, во Сирија и во Ирак, кои се сепак поблиски со ривалот на американските сунитски арапски сојузници во регионот.

Според ревизијата на документите од коишто е симната ознаката за тајност од страна на Вашингтон во септември 2016 година, Пентагон „нема точни и последно ажурирање на податоците за бројот на единциите и локациите“ на поголемиот дел од опремата којашто требала да биде достаена до ирачката армија, како и од одредите на пешмерга – милицијата на ирачките Курди, кои се американски сојузници во борбата против ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.

Особено при ревизијата било невозможно да се утврди каде во моментов се наоѓаат десетици илјади јуришни автоматски пушки коишто вредат околу 28 милиони долари, стотиците гранати за минофрлачи и воените теренски возила од типот „Humvee“. Притоа треба да се потсети дека американската воена кампања во Ирак, по првата Заливска војна која започна од Кувајт, траеше од 2003 до 2011 година.

„Ова се особено поразителни информации, имајќи ги предвид извештаите дека американското оружје веќе долго време се наоѓа во рацете на милитантните групации во Ирак, вклучително и групацијата којашто себеси се нарекува Исламска држава“, коментираше експертот на организацијата од сферата на контролата над воружувањето, Патрик Вилкен.

 

Пентагон негира дека загубил вооружување

Од американското министерство за одбрана во четвртокот во куса и и без дополнителни појаснувања го карактеризираа како „неточно“ соопштението на Amnesty International за исчезнувањето на американската воена опрема во Кувајт и во Ирак. Но, сепак, треба да се истакне дека станува збор за извешај на генералниот инспектор на Пентагон и според којшто станува збор за вооружување чијашто сума се проценува на најмалку милијарда американски долари.

„Соопштението на Amnesty International не е точно. Ние не сме загубиле опрема во износ од милијарда долари“, кусо во четвртокот за агенциите се бранеше портпаролот на американското министерство за одбрана, Ерик Пехон.

Во заднината на скандалот со „загубените“ испораки на американско оружје, можеби е моментот да се потсети и на претходните изјави на сегашниот американски претседател Доналд Трамп во однос на неговиот демократски претходник Барак Обама и неговата противкандидатка на претседателските избори во САД ланскиот номеври, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, дека тие имено се „идејните творци“ на Исламската држава. Многу е веројатно, имено, дека Трамп уште тогаш ги поседувал ваквите информации за исчезнатото оружје на Блискиот исток, погрешните доставувања на оружјето во Ирак од каде што Исламската држава во летото 2014 година ја започна своајта ненадејна и успешна воена експанзија во регионот, како и некои одговори за прашањето за финасиските токови со кои Исламската држава го обилно го финансира своето војување

 

Ирачаните одамна предупредуваа на „грешките“ во доставувањето на вооружување

Меѓутоа, трагата на „губењето“ на американското оружје во Ирак, води и до честите предупредувања на ирачките пратеници коишто жестокот изминатите години протестират оти САД доставуваат оружје на Исламската држава. Така, членови на ирачкиот парламент и претставници на регионалните власти во областите во кои се водат борби против џихадистите од Исламската држава кон крајот на 2014 година директно обвинија дека американското воздухопловство ги исфрла оружјето и опремата со падобрани во опкружувањето на милитантите.

„Не е ниту прв, ниту вторпат авијацијата на САД и коалицијата да го исфрлаат оружјето и продуктите во областите на Даиш (арапски акроним за Исламската држава), и тоа се случи во Тал-Афар, потоа во Синџар и сега во близина на градот Балад. И оправдувањата на САД дека ‘тоа се случило по грешка’ повеќе нема да нé доведуваат во заблуда“, изјави тогаш пратеникот во ирачкиот парламент, Авад ал-Авади.

Градоначалникот на Балад, 80 километри северно од ирачката престолнина Багдад, Муфид ал-Балдави, како пример за медиумите изјави дека хеликоптер од типот „апачи“ исфрлил контејнер со оружје за џихадистите кои биле блокирани од ирачките сили во селото ал-Худејра. Според жителите на селото, „пратката“ содржела големо количество различни видови оружје и муниција. Градоначалникот побара од централната влада во Багдад веднаш да започне истрага.

Исто така, треба да се постети дека уште пред речиси две ипол години Комисијата за одбрана и безбедност на ирачкиот парламент издаде соопштение во кое ги обвини САД за поддршка на Исламската држава врз основа на „утврдените факти за снабдување со оружје на милитантите во Балад“. Амбасадата на САД во Ирак и тогаш ги отфрли сите обвинувања против американските воздушни сили и нивните коалициони партнери. Американските дипломати, многубројните медиумски извештаи во врска со доставување оружје на борците на Исламската држава и изјавите на локалните власти ги нарекоа „погрешни“.

Меѓутоа, САД уште во октомври 2014 година признаа дека при доставувањето на воената помош на курдските борци во сирискиот град Кобане, „по грешка“ исфрлиле контејнери со оружје над позициите на Исламската држава, а како причина за тоа го наведоа „силниот ветер, кој ги однел исфрлените товари во насока на позициите на милитантите“.

 

Иран обвини дека терористите во Сирија и Ирак ги застапуваат интересите на САД

Претходно седмицава американскиот претседател Доналд Трамп своето прво патување во странство го имаше во Саудиска Арабија, сунитска монархија којашто го практикува ригидниот вахабистички облик на исламо, и земјата токму од којашто младите луѓе масовно се приклучуваат на исламистичките терористички групации. Во тој контекст, овие млади луѓе и терористи стануваат алатки за застапување на интересите и политиките на Вашингтон во регионот, вели секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Шамхани.

„Иран веќе четири децении се бори против со тероризмот, и во оваа војна загубивме илјадници луѓе… Американците по 11 септември 2016 година, исто така, осознаа што е тоа тероризам. Но притоа Трамп својата првата посета ја оствари токму во земјата којашто, како на фабричка лента ги произведува терористите“, вели Шамхани во интервјуто од петокот за московското издание Коммерсант.

Додава дека вахабистичкот мислење, парите добиени од нафтата, политичкото незадоволство, предизвикани од тамошните власти, сето тоа придонесува за радикализација на тамошната младина. Но за да не ја дестабилизираат Саудиска Арабија, чијашто власт деновиве склучи договор со администрацијата на претседателот Трамп за купување оружје во вредност од најмалку 110 милијрди долари, а според некои процени договорите може да достигнат и до 380 милијарди долари, Ријад не го спречува испраќањето на своите државјани во Сирија, Јемен и во Ирак. А прашање е кој ќе го финансира нивното војување во овоие земји.

Според Шамхани, „денес терористите во Сирија и во Ирак претставуваат инструмент за промовирање на политиките на САД“. А наспроти тоа, единствената коалиција којашто постигнува успеси во борбата со тероризмот во регионот е коалицијата на Иран, Ирак, Сирија и Русија, смета иранскиот политичар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.