САД започна да ги обучува ирачките вооружени сили

Американските воени сили почнаа да ги обучуваат ирачките вооружени сили во две бази во Ирак како дел од напорите да формираат сили, кои ќе преземат офанзива против групацијата Исламска држава, соопшти Пентагон.

Околу 320 војници од военопоморските сили на САД ги обучуваат борците од ирачката седма дивизија во военовоздухопловната база Ај ал Асад во провинцијата Анбар. Обуката почна на 20 декември.

Други 170 американски војници од првата пешадиска дивизија почнала на 27 декември шестонеделна обука на четири баталјони на ирачките сили за безбедност во Таџи, северно од Багдад.

САД имаат 2.140 војници во Ирак од 4 јануари, при што 800 од нив се задолжени за обезбедување на американскиот персонал и американските објекти, а останатите 1.340 се советници и обучувачи на ирачките сили во борбата против ИД.