САД засега нема да ја санкционираат Русија

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Џен Псаки, во интервју за „Ехо Москва“, кажала дека САД би можеле да воведат санкции за лица, компании и сектори, од Русија, но за сега било рано.

„САД не сакаат да воведат дополнителни санкции кон Русија, но се подготвени да воведат такви мерки во случај понатамошно влошување на ситуацијата во Украина, истакнал Бен Роудс, еден од клучните советници на претседателот Барак Обама.

Според него, нови санкции кон Русија ќе се воведат само доколку се воочи некој вид дестабилизација во Источна Украина.  Роудс додал и дека причина за нови санкции би било и недостигот од напредок следните денови при примената на договорот од Женева.

За досегашните санкции Роудс кажал дека се воведени поади „руската акција на Крими дестабилизација на ситуацијата в Источна Украина“, како и дека тие генерално не се насочени против Русија, туку имаат за цел поддршка на меѓународниот поредок.