Пронајдени садници марихуана во кичевско

Откриени се вкупно 147 стебла марихуана

Садници марихуана во кичевското село Туин пронајдоа полициските службеници.

Вкупно сто и шеесет садници од растението „ канабис“, пронајдоа и одзедоа полициските службеници од полициската станица во Кичево.

Акцијата била реализирана на 17-ти овој месец на различни  локации кај местата „Башоски нивје“ и „Таироски нивје“ во атарот на кичевското село Туин.

Садници марихуана во кичевското село Туин пронајдоа полициските службеници.
Садници марихуана во кичевското село Туин пронајдоа полициските службеници.

Акцијата за одземање следувала по претходни оперативни сознанија дека на подрачјето на кичевското село Туин има неколку парцели со добро затскриени насади со стебла во различна големина од растението „Канабис“.

Од неколку ниви, во рамки на акцијата откорнати се 108 садници. Нивите се со вкупна површина од 700 метри квадратни, кај месноста „Таироски нивје“ додека 52 стебла биле откорнати од ниви во површина од 40 метри квадратни кај „Башоски нивје“.

Насадите, по претходна консултација со јавен обвинител се откорнати и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Полициската станица од Кичево презема натамошни мерки за утврдување на идентитетот на лица кои нелегално ги засадиле и одгледувале насадите од растението „Канабис“.