среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 23

САДУ: Односнот на Рeменски кон нашата организација е одмазднички и прогонувачки, најавуваме радикализација на нашите следни чекори

Ударот врз секој наш член е удар врз САДУ. Стоп за прогонот на синдикалците. Стоп за кршење на работничките права!

remenski

Последни вести

Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од реакцијата на САДУ :

Почитуванa г-ѓо Ташевска Ременски,

Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија ви упатува најостар протест за вашиот одмазднички и прогонувачки однос кон нашата синдикална организација во рамки на министерството за труд и социјална политика. Иако често и самата во вашите јавни излагања и настапи потенцирате колку е важно да синдикалните движења ги застапуваат барањата на работниците, но очигледно овој ваш став не се однесува на сите синдикати.

За само еден месец двапати грубо ги повредувате правата на вработените во министерството за труд и социјална политика и се обидувате да го погазите синдикалното организирање. Без никакво образложение се дрзнавте да го отстраните претседателот на синдикалната организација на САДУ од МТСП со ваша еднострана одлука откако претходно ви се спротистави на притисоците врз вработените кои ги правевте за да ги прекинат своите годишни одмори сосема спротивно на Закон што впрочем претставува негова должност. Ова е незамисливо и невидено и во најтоталитарните општества да се казнува синдикален претставник само затоа што истапува во одбрана на правата на работниците.

И овој чекор доаѓа токму од министер кој раководи со министерство кое треба да биде најголем промотор на работничките права и партнер на синдикатите. Тоа говори за вашата кадарност и немање демократски капацитет со што го рушите угледот пред се на министерството кое го водите но и на државата во целост.

Со донесеното решение со кое го прераспределувате претседателот на С.О  Елеонора Јовановиќ во друга институција прекршивте повеќе закони, Општиот колективен договор за јавниот сектор член 38 кој гласи: ,,Синдикалниот претставник има посебна заштита и не може да биде повикан на одговорност заради вршење на синдикална активност во согласност со закон и колективен договор, ниту доведен во понеповолна положба, вклучувајќи го и престанокот на неговиот работен однос”,, но исто и Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот членот 135 член 1 кој гласи: ,,Претставниците на работниците во институцијата треба да уживаат ефикасна заштита од секоја постапка која е штетна по нив, вклучувајќи и отпуштање а која се заснова на нивниот статус во својство на работнички претставник или на членство во синдикатот или учество во синдикалните активности, доколку постапуваат во склад со важечки закони или колективни договори или други заееднички договорени аранжмани”

Бидејќи подолг временски период се прекршуваат работничките права во министерството за труд и социјална политика и се спроведува реваншизам врз нашите претставници ќе ги преземеме сите потребни дејствија и сите расположливи правни механизми со цел заштита на правата на работниците. Исто така ја информираме јавноста дека најавуваме радикализација на следните наши чекори.  Дијалогот со Фросина Ташевска Ременски е невозможен. Не не исплашивте не подлегнуваме на закани и притисоци.

Ударот врз секој наш член е удар врз САДУ. Стоп за прогонот на синдикалците. Стоп за кршење на работничките права!

Најчитани вести