Саем на американски универзитети во Скопје

По повод Меѓународната недела на образование Американската амбасада во Македонија денеска во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје организира Саем на универзитети.

На саемот бидат претставени 19 американски универзитети, за кои ќе зборуваат алумни од Амбасадата и советници за образование во САД при Американските катчиња. На заинтересираните студенти ќе им дадат совети како да аплицираат на американските универзитети.

Саемот претставува можност студентите да се запознаат со некои од единствените американски универзитети и за образовните програми што се нудат таму.