Македонија

Саем на градежништво и недвижности, од денеска до сабота

Саем на градежништво и недвижности, од денеска до сабота

Повеќе од 300 компании, ќе се претстават на 12. Меѓународен саем за градежништво, кој се отвори денска, а ќе трае до сабота. Годинава, партнер на саемската манифестација е Министерството за финансии, со проектот „Купи куќа, купи стан“.

На отворањето присуствуваше и министрерот за финансии, Зоран Ставрески, кој посочи дека градежништвото во земјава е значаен економски фактор, а овој сектор со години наназад бележи прогрес и отвора нови работни места.

„Владата го поддржува и го помага градежништвото и вложува во него преку капитални инвестиции значителни износи на средства кои помагаат да се создаде работа за домашните градежни фирми. Во буџетот за оваа година, за таа намена се предвидени 340 милиони евра, а заедно со средствата кои се во јавното претпријатие за патишта, има околу 600 милони евра во капитални инвестиции кои што ќе значат работа за домашните градежни фирми“, истакна Ставрески.

saem stavre

Градежништвото во Македонија изминативе неколку години оди напред и е исклучок од другите земји во Европа, каде што поради кризата овој сектор  имаше негативни трендови. Кај нас,  минатата година имаме позитивна стапка на раст за околу 4,4 отсто. Како резултат на политиките на Владата, во градежништвото се креирани нови 4.000 работни места.

Во рамките на Саемот по петти пат се одржува и Саемот за недвижности и инвестиции. На саемот ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти.

Проектот „Купи куќа, купи стан“, како што изјави Ставрески, стана белег на тоа дека државата може да го помогне развојот на градежништвото и да го раздвижи пазарот.  Токму поради проектот, цената на становите во главниот град е намалена на околу 900 евра за метар квадратен,  а исто така намалени се и каматните стапки на банките за околу 3 проценти.

Сепак од комората на градежништво, проценуваат дека не се очекува драстично намалување на цените на становите.

„Адора инженеринг“ ќе го донесе њујоршкиот дух во Скопје 

Градежната компанија „Адора инженеринг“ на саемот ќе се претстави со понуда на 450 нови станови, изградени според современи европски стандарди и иновации во општина Аеродром. Компанијата го презентираше и новиот објект што треба да се гради на местото на старата сапунара „Цветан Димов“, во населбата Кисела Вода.

Според генералниот директор на команијата, Ванчо Чифлиганец, со оваа градба што треба да почне да се гради за неколку месеци, во Скопје ќе почувствува духот на Њујорк, бидејќи зградата  визуелно комплетно ќе наликува на градбата „Флетијрон“  изградена во Њујорк во 1902 година.

Новиот луксузен објект, кој ќе биде завршен со градба следната година, ќе биде висок од 45 до 50 метри, односно ќе има 16 ката (мезанин + 14 ката).

„Адора инженеринг“, локацијата за оваа градба ја купи на јавна лицитација за 2,2 милиони евра. Почетната цена на лицитацијата беше 308.000 евра. Дополнително за комуналии, компанијата на општината треба да и плати околу 2,5 милиони евра. Инвестицијата се проценува на 40 милиони евра.

„Флетајрон“ е една од најпознатите згради во Њујорк, изградена на почетокот на 20.век, од архитектот Ваниел Бурнхам.

1 2 3