Саем на книга во Куманово

Турнејата на книгите „ДА“ за Книга продолжува во Куманово.

Покрај успешните настапи во Битола и Велес, од 23-ти април,четврток до сабота, 25 април, читателите во Куманово ќе ја имаат можноста да се дружат со илјадниците наслови и автори од богатата продукција на Клубот.

Во и пред платото на Библиотеката „Тане Георгиевски“,  ќе бидат одржани и неколку промоции и средби со истакнати македонски автори.

Во четврток, на отворањето на Саемот ќе биде претставена едицијата „Античка философија“ објавена во девет книги од акдемик Витомир Митевски.

За Платон, Аристотел, Сократ, Доцната антика итн ќе говори проф. д-р Весна Томовска. Во петок, пред читателите во Куманово ќе се претстави младиот Милош Димковски со својот роман „Парада на марионетките“, а во сабота, романот кој сите со нетрпение го очекуваат, приказната која ги освојува срцата на македонските читатели „Бездомникот со златен часовник“ на Верче Карафилоска.

Во подршка на турнејата „ДА“ за Книгата се приклучуваат и соработниците на Клубот од Велика Британија Orion, Paragon, КАКО И Лагуна Клубот од Белград.

Читај, патувај, истражувај, откривај…„ДА“ за КНИГАТА