сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Саем на мебел од 21-ви до 26-ти март

Со почетокот на пролетта традиционално се отвора Саемот на мебел кој ги нуди најоригиналните дизајни за уредување на домот на посетителите.

1 (005)

Последни вести

43-от Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел – МЕБЕЛ 2017 започнува на 21-ви и ќе трае до 26-ти март. Подготовките за саемот се во тек и се очекува пласирањето на најуникатните дизајни на мебел досега.

Саемот на мебел отсекогаш го привлекувал вниманието на илјадници посетители кои целат кон следење на светскиот тренд во дизајнот на мебел. Овој саем е една од најатрактивните манифестации во Македонија и пошироко поради оригиналноста на декорираните простори и понудата на  мебел по сечиј вкус. Изложувачите преку дизајните за мебел и најновите технологии за нивно производство ќе ги презентираат актуелностите и трендовите од светски размери.

Со почетокот на пролетта традиционално се отвора Саемот на мебел кој ги нуди најоригиналните дизајни за уредување на домот на посетителите. Оваа година се очекува над 50.000 лица да го посетат саемот и да уживаат во понудите од изложувачите.

Саемот ќе биде отворен од 10.00 до 20.00 часот, цената на влезницата е 100 денари, а за групни посети и студенти 50 денари.

Најчитани вести