Саем за вработување во Гостивар

Во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија, денеска во Гостивар ќе се одржи Саем за вработување.

Заинтересираните граѓани ќе може да го посетат Саемот од 11 до 14 часот во спортската сала „Младост”.

Западна Македонија е новиот реон каде што караванот на саемите за вработување ќе понуди можности за вработување во компании од гостиварскиот и тетовскиот регион за сите заинтересирани кои се невработени, а воедно се активни баратели на работа, соопшти Агенцијата.

Шанса за пронаоѓање на нова работа имаат и сите вработени кои сакаат да го променат работното место и да ја збогатат својата кариера.

На отворањето на саемот во Гостивар ќе присуствуваат Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување на Република Македонија, и гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта.