Македонија

Саем за вработување во Велес

Саем за вработување во Велес

Саем за вработување на фирми од Вардарскиот регион денес се одржа во холот на новата театарска зграда во Велес.

На Саемот за вработување, кој е во организација на Агенцијата за вработување на Македонија, се претставија 20-тина фирми од Велес, Неготино и Свети Николе.

Претставниците на овие фирми на штандови со рекламен материјал  ги информираа невработените лица од Велешко  за можностите за вработување. Воедно, невработените можеа да потполнат и апликација за вработување и да поднесат свое си-ви.

Поповски: Новите инвестиции во Велес ќе придонесат за нови вработувања

Поповски: Новите инвестиции во Велес ќе придонесат за нови вработувања
Поповски: Новите инвестиции во Велес ќе придонесат за нови вработувања

Саемот за враборување во Велес го отвори директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски во придружба на велешкиот градоначалник Славчо Чадиев.

Во изјавата за медиумите директорот Поповски оцени  дека овој настан предизвика интерес кај невработените од Велес и оти се надева дека ќе има и конкретни вработувања.

Се надевам дека и на овој саем ќе се склучат договори за нови вработувања. Воедно  денеска се отвора и новата компанија „Маркарт“ во индустриската зона Караслари каде што исто така ќе има потреба од вработувања. Се надевам дека новите инвестиции во Велес ќе придонесат за нови вработувања и намалување на невработеноста, рече Поповски.

Според Поповски, ова е одличен  начин сите невработени директно да се запознаат со компаниите кои нудат работа и да остварат контакт со нив.

Чадиев: Уште две компании заинтересирани да инвестираат во Велес

Чадиев: Уште две компании заинтересирани да инвестираат во Велес
Чадиев: Уште две компании заинтересирани да инвестираат во Велес

Градоначалникот Славчо Чадиев изрази поддршка за организирањето на вакви саеми за вработување и рече дека тие се одлична можност невработените да најдат работа.

Во Велес има квалификувана сила, а тоа се надевам ќе им се допадне и на работодавачите кои нудат работа, рече Чадиев и посочи дека во новата фабрика „Маркарт“ која денеска се отвара првично се вработија 600 невработени и дека тој број понатаму  ќе се зголемува.

Воедно  во Индустриската зона Караслари, Чадиев  најави дека веќе има интерес за уште две големи инвестиции, што ќе значи и нови вработувања во Велес и поширокиот регион.

Поповски, пак, информира дека на претходниот Саем за вработувања во Прилеп на овој начин се вработиле 40 невработени лица.Тој најави дека следниот Саем за вработување ќе се одржи за седум дена.