„Саем за венчавки“ по осмипат во Скопје

Ако просекот на склучени бракови во една година во Македонија е околу 15.000, тоа значи дека околу 30.000 семејства ќе се подготвуваат за најубавиот ден, денот на свадбената веселба. Најмалку 300.000 гости ќе се веселат на топтанот, на Елено моме, на свадбените бонбони и фрлањето бидермаер на нечија свадба во текот на оваа година.Токму поради сите нив, односно идните снаи и зетовци, сватови и кумови, идните девери и деверуши и сите останати гости, го организираме овој традиционален саем за венчавки.

Доколку се подготвувате за вашата свадбена веселба, а имајќи го предвид фактот дека најголемиот број венчавки се случуваат на пролет, еве можност на едно место да најдете сè што ви е потребно за вашата свадба. Од 23 до 25 февруари 2018 година ќе се одржи 8. Саем за венчавки (Wedding Weekend Expo 2018) во хотел Александар Палас. Настанот традиционално е под режисерската палка на магазинот за културата на венчавките „Во бело“.

Традиционално овој настан го водат познати наши водителки, а оваа година домаќинка и заштитено лице ќе биде презентерката на ТВ Нова Александра Велинова. И оваа година како модели се очекува да продефилираат звучни имиња од музичкиот, модниот, спортскиот, се на се јавниот живот во нашата земја кои организаторот ги држи во тајност до последен момент.

„Она што би било интересно за сите идни невести и младоженци е дека можат да  порачаат свадбена шопинг картичка преку меил адресата contact@vobelo.mk.  Сè што треба е да го напишете вашето име , датумот на венчавката и телефонскиот број, за да им биде испорачана персонализираната шопинг картичка. Сите кои ќе ја имаат оваа шопинг картичка ќе можат да набавувате артикли или услуги потребни за свадбената веселба со попуст од над 50%. Картичките кои ќе бидат нарачани до 21 февруари ќе бидат бесплатни, а ќе ги подигнете на Саемот за венчавки. Доброто е што ќе можете и веднаш да ги искористите- вели Александра.

Над 50 изложувачи од различни категории и оваа година ќе ви покажат што е модерно во светот на свадбите. Најдобрите креатори на венчаници, костуми, бурми и накит, декорации, свадбени покани, аксесоари, фотографи, осветлување, ресторани, козметички салони, свадбени патувања, подароци за свадба… односно сè што е потребно за организирање на една совршена свадба на едно место.