Саем за вработување и кариера – Job Fair

Саемот за вработување и кариера – Job Fair, кој што има за цел да им овозможи на студентите да стапат во директен контакт со работодавците ќе се одржи денеска и утре  на Градежниот факултет во Скопје.

Саемот е во организација на Бордот на европски студенти по технологија – БЕСТ Скопје, во соработка со Студентскиот парламент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – СП ФИНКИ.

Заинтересираните студенти ќе можат да ги посетат компаниите учеснички за време на саемот, да учествуваат на презентации, предавања, и обуки на различни теми.

Искуствата и податоците на организаторите покажуваат дека Job Fair  е еден од најдобрите начини за студентите и дипломците да се запознаат со претпријатија од нивната стручна област, кои се воедно и потенцијални работодавци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.