Саем за вработување и пракса на студенти

Понуда на работни места за студенти и пракса од областа на нивната стручност е целта на Саемот за вработување Job Fair, што се одржува на Градежниот и Архитектонскиот факултет во Скопје, пренесува МИА.

По синоќешното отворање на Саемот за денеска и утре се најавени презентации на компании и предавања на професори. Дел од темите кои ќе бидат опфатени се: „Пронаоѓање на работа преку интернет користејќи „Autodesk софтвер“, „Употреба на 3Ds Max и Plug-ins“ и „Пасивни Куќи“.

Дополнително, оваа година ќе има и второ издание на Саемот за вработување кој ќе се одржува од 5  до 7 мај на комплексот Технички факултети како и новитет оваа година на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер.