Македонија

Саем за вработување утре во Тетово

Саем за вработување утре во Тетово

Kараванот на Саеми за Вработување во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија и официјално ќе заврши со последниот саем во низата кој ќе се одржи утре во Тетово.

За учество на истиот се пријавени компании од разновидни сектори како производство, банкарски услуги, осигурителни компании и други. Ова е одлична и последна можност за граѓаните да добијат шанса и да ја пронајдат својата следна работна позиција која ќе го збогати нивното работно искуство и кариера, без разлика дали се работи за моментално невработени лица или веќе вработени лица кои се во потрага по подобро работно место од сегашното.

Освен компаниите учеснички, кои во склоп на овој настан освен со учество ќе се претстават и со свои излагања и презентации, на саемот истотака ќе бидат присутни и директорот на Агенцијата за Вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, раководителот на АВРМ Тетово, Томислав Трифуноски, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, директорот на Стопанска Комора на северо-западна Македонија, Мендерес Кучи, како и претставници на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP).

Утешниот саем за вработување ќе се одржи од 10:00 до 15:00 часот, во домот на култура „Иљо Антески Смок” во Тетово.