Македонија

Саем за вработување во Куманово

Саем за вработување во Куманово

Саем за вработување, на кој компании од различни дејности ќе ги претстават профилите што им се потребни за работа, денеска е организиран во Куманово од Агенцијата за вработување.

Саемот ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и ќе трае од 10 до 15 часот, а на него невработените лица ќе имаат можност да остварат почетни контакти со потенцијалните работодавачи.

Саемот во Куманово е продолжение на активностите што Агенцијата за вработување ги реализираше изминатиот период за организирање директни контакти на работодавачите со лицата кои бараат работа.

Досега вакви саеми се одржаа Скопје, Штип, Неготино, Струмица, Охрид и Битола.