Саем за вработување во Охрид

Караванот на Саеми за вработување, во организација на Агенција за вработување на Република Македонија, утре продолжува во градот Охрид.

За масовноста на настанот говори фактот дека за учество на истиот се пријавени повеќе од 70 компании.

Ова е одлична можност за доближување на понудата и побарувачката на пазарот на труд, а продолжувањето на караванот низ повеќе градови во Републиката е шанса сите граѓани да се запознаат со понудата на компаниите.

На саемот ќе се обрати Директорот на Агенција за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски.Дополнително, во склоп на саемот свои излагања и презентации ќе имаат дел од компаниите учеснички на истиот.

Четвртиот Саем за Вработување, ќе се оддржи во петок од 11:00 до 15:00 часот, во салата „Билјанини извори”.