Саем за вработување во Струга

Саем за вработување, на кој тимови на Агенцијата за вработување пред невработени лица и работодавачи ќе ги претстават владините мерки и програми за отворање работни места, денес .ќе се одржи во Струга.

Покрај за активните баратели на работа саемот нуди можности за работодавачите за барање нови соодветни кадри.

Саемот ќе се одржи во Домот на култура „Браќа Миладиновци“ од 11 до 14 часот. Најавено е обраќање на директорот на Агенција за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски и на општинските власти.