Саемот за мебел е отворен, ќе бидат претставени иновациите на 430 бренда

Над 180 компании и 430 брендови ќе бидат преставени на јубилејното 40. издание на Саемот за мебел. Годинава, 20 отсто повеќе македонски компании ќе се претстават за разлика од минатите години. Директорот на ЕРА Сити, Скопски саем Дејан Кошутиќ истакна дека Саемот претставува своевидна берза меѓу производителите, трговците и купувачите во земјата и регионот.

„Посетителите од земјата и регионот ќе можат да најдат современи решенија за домот, канцеларијата, дворот.Повеќе од 430 бренда ќе понудат идеи, свежина во дизајнот и иновација,“ истакна Кошутиќ.

Саемот за мебел за отворен го прогласи заменик претседателот на Владата, министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

„Саемот претставува значаен успех не само за компаниите кои учествуваат туку и за Македонија,“ истакна Бесими и им посака упсех на компаниите.

Во соработка со Амбасадата на Кралството Шведска во РМ организирано е учество на шведска компанија, односно изложба под наслов „Сјајност“ на познатата шведска дизајнерка Александра Стратимировиќ. Ќе бидат изложени дизајнирани расветни тела по кои се препознатливи скандинавските земји.

За првпат годинава ќе се одржи и работилница во организација на Скопски саем и Skopje Design Week на која ќе се говори за стратешко инвестирање во дизајнот од страна на македонските производители на мебел, што би претставувало формула за успех за извоз на македонски мебел.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.